Македонија и денеска во портокалова фаза, температури до 39 степени
Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокаловата фаза.
Управата за хидрометеоролошки работи најави дека времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Температурата во интервал од 18 до 38 степени.
Во регионите со портокалова фаза Министерството за здравство препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски. Работодавачите, според препораките, треба да го реорганизираат работното време и да се избегнуваат активности од 11 до 17 часот. Во регионите опфатени со портокалова фаза се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено.
Останатите два региони, односно Полошкиот и во Охридско-Преспанскиот регион, ќе бидат зафатени со температури од жолта фаза.
На граѓаните од целата држава им се препорачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Министерството за здравство напоменува дека е потребен и повисок степен на внимание при подготовката и консумирањето на храната поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови.
Повеќе информации за топлотните бранови граѓаните може да најдат и на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.
Според УХМР, во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и повторно многу топло. Температурите од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени. Од крајот на работната недела ќе се врати попладневната нестабилност, особено во недела попладне.
Ново на Сител
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа