Македонија
19. July 2018 - 9:22

Македонија ги рагледува можностите за користење на естонските искуства во дигитализацијата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој учествува на меѓународна конференција за отворено владино партнерство во Тбилиси, Грузија, оствари средба со естонскиот министер за јавна администрација Јанек Маги.

На состанокот е разговарано за процесот на дигитализација во Естонија и позитивните искуства кои може да се пренесат во Македонија и во тој контекст се разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка. 

Министерот Манчевски, како што соопшти неговиот Кабинет, оценил дека експертизата што ја има Естонија може да послужи како пример и мотив за посветеност и реализација на зацртаните цели за дигитализација на Македонија. Тој додал дека соработката на ИКТ компании во двете земји, инвестирањето во иновативни проекти и стартапи во Македонија е отворена и истакнал дека Министерството и Владата работат на тоа Македонија по примерот на Естонија да биде следната ИКТ дестинација во Европа.