-->
-->
Македонија домаќин на Глобалната конференција на Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација
-->
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ ќе биде домаќин на Глобалната конференција на Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација (Pacific Asia Travel Associatio PATA) која за прв пат се случува во Европа. Конференција на тема „Градење Туристички Мостови", која ќе се одржи на 20-ти јуни, е дел од Самитот за туризмот 2017
Програмата на конференцијата ќе вклучува сесии за одржлив развој, авијација и трендови во туристичката индустрија со собир на меѓународни експерти, презентери и панелисти. PATA е посветена и во поддршката на млади професионалци во туризам од целиот свет, кои ќе бидат опфатени со сесијата „Bright Ideas - Future Trends”.
Извршниот директор на РАТА, Марио Харди оценува дека одржувањето на успешната Глобална Конференција во Европа е значаен чекор напред Асоцијација", објаснува
- Дестинациите низ Европа се обидуваат да го искористат експоненцијалниот раст на странски патувања од многу влијателни туристички пазари од регионот Пацифик- Азија и националните туристички организации ја препознаваат важната и влијателна улога на РАТА во градењето на мостови помеѓу туристички дестинации и пазари од различни континенти. Оваа конференција ја зајакнува вредноста на членство на АППТРМ во РАТА, во обидот да се привлечат повеќе посетители од далечни пазари, како што се Кина, Кореја, Јапонија и Австралија, истакнува Харди.
Тој додава дека заедно со АППТРМ иницираат да ги поканат и студентите на туризам во Скопје кои имаат придонес и активна улога во оваа област. Нивните погледи, како "идни лидери во туризмот" ќе бидат важна компонента во програмата на конференцијата, истакнува Харди.
Првата Глобал конференција првпат е одржана во Окленд во октомври 2015 година. Успехот од првиот настан предизвика враќање на Окленд во септември 2016 година и има побарувачка од останатите пазари во Европа, Блискиот Исток и Азија.
Основана во 1951 година, Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација е непрофитна асоцијација која е меѓународно призната за да дејствува како катализатор за одговорен развој на туризмот во регионот на Пацифик-Азија. Асоцијацијата обезбедува заеднички застапувања, остроумни истражување и иновативни настани за своите членки, се состои од 95 влади, државни и градски туристички тела, 29 меѓународни авиокомпании, аеродроми, 63 образовни институции, како и стотици компании во туристичката индустрија во Пацифик-Азија и пошироко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен