„Македонија блокира“ на 1 декември ќе протестира пред Собранието
Невладините организации од „Македонија блокира“, кои се против промена на Уставот и бараат распуштање на Собранието и распишување избори, на 1 декември (сабота) од 12 часот ќе организираат протест пред Собранието на Република Македонија, во исто време за кога е закажана собраниската седница за нацрт-амандманите на Уставот.
-Во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за нацрт уставните амандмани, а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ. Последна шанса за нашата генерација. Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето, трето нема. Целта на сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер, соопшти „Македонија блокира“ денеска на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари