Македонија 38 најбезбедна земја во светот
Северна Македонија е на 38 место во светот според Глобалниот индекс на мирот за 2023 година што го изработува меѓународниот Институт за економија и мир, врз основа на повеќе безбедносни критериуми. Најбезбедна земја е Исланд, а најнебезбедна Авганистан.
Најбезбедна земја од поранешните југословенски републики е Словенија на осмото место, Хрватска е 14, Црна Гора 45, Босна и Херцеговина 61, а Србија 65.
Од другите држави во регионот, Бугарија е рангирана на 30 позиција, Албанија на 40, а Грција на 60.
САД се на 131 место, Украина на 157, Русија на 158.
На врвот на Глобалниот индекс на мирот веќе 15 години е Исланд како најбезбедна земја во светот. Меѓу првите пет се и Данска, Ирска, Нов Зеланд и Австрија.
Најлошо рангирани и најнебезбедни земји во светот се ДР Конго, Јужен Судан, Сирија, Јемен и Авганистан.
Институтот за економија и мир го изработува Глобалниот индекс според повеќе критериуми, од ниво на насилство, криминал и корупција, до тероризам и меѓународни конфликти. Извештајот се базира и на податоци за трендовите во економијата и мирниот развој на земјите во светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид
-
Дојран нема лекар - Туристите и мештани патуваат во соседни општини за прегледи