Бизнис
27. December 2019 - 15:18

Македонецот Милорад Крстиќески на чело на БАТ за Србија и Црна Гора

Македонецот Милорад Крстиќески од 1 јануари ќе биде новиот директор на филијалата на тутунската компанија „Бритиш Американ Тобако“ за Србија и Црна Гора, со седиште во Белград.

Како што соопшти компанијата, „новиот директор поседува огромно и широко искуство во тутунската индустрија, што е од големо значење за континуираното работење на мултинационалната компанија БАТ, која е најголем инвеститор на Велика Британија во Србија“.

Милорад Крстиќески има огромно искуство во тутунскиот бизнис. Работел во „Фабриката за тутун Ровињ“ (ТДР) од 2003 година, од кога е задолжен за развој на тутунската индустрија на пазарите на повеќе земји во регионот, а со оглед на тоа што ТДР стана дел од БАТ, тој ги презеде најодговорните позиции во БАТ системот, наведува компанијата.

Крстиќески на новата позиција во Белград, доаѓа од ТДР Скопје, на местото на Сотирис Костурос, кој во БАТ работи од 2004 година.

Со тоа, тој ќе се вброи во редот на останати успешни македонски менаџери кои управуваат со успешни фирми во Србија, како што се „Апатинската пивара“, „Веропулос Србија“ и „Кока Кола Хеленик“.