Живот
21. January 2019 - 15:07

Македонец ги забавува патниците на аеродромот во Катар, тој е атракција со неговите мелодии

30- годишниот Христијан,кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите низ целиот свет. Младиот музичар на светските аеродроми со својата изведба на светските хитови на клавир ги воодушевува сите присутни. Христијан изведува и традиционални мелодии од Балканот. Македонецот Христијан неодамна ги забавуваше патниците на аеродромот во Доха, Катар.