Мајко: И Албанија е против укинување на Специјалниот суд
- Албанија се приклучи на притисоците на САД и Велика Британија кон Приштина да не го укинува Специјалниот суд за воени злосторства на Косово и Метохија.
- Во заблуда се сите кои мислат дека САД, Велика Британија и ЕУ се согласни со укинување на Специјалниот суд, порача на Фејсбук министерот за дијаспора Пандели Мајко.
Според него, погрешно е да се мисли дека САД, Велика Британија и ЕУ ќе ја премолчат веќе донесената важечка одлука за формирање на таа судска институција.
Мајко смета дека Косово не е лично прашање, а законите, како што вели, не се однесуваат на лични судбини.
Пандели Мајко оцени дека Приштина води апсурдна политика кога станува збор за Специјалниот суд и предупреди дека барањето за негово укинување влева страв за иднината.
Тој потсети дека на укинувањето на Специјалниот суд се противат САД и Велика Британија и дека Приштина доби предупредување од Стејт департментот.
Специјалниот суд е формиран заради судење на сторителите на воени злосторства на Косово и Метохија во периодот од 1998 до 2000 година.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија