-->
-->
Мајката на Јелена прозборе по 40 дена
-->
Мајката на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, молчеше цели 40 дена и тагуваше за ќерка си, а сега конечно реши да си ја отвори душата. Таа изјави дека секој ден оди во куќата на семејството Марјановиќ за да си ја види петгодишната внука.
Зорица вели дека ја болат лагите кои ги има во медиумите, дека таа е скарана со семејството на Зоран.
- Ни на него не му е лесно, кутриот човек, знам колку му е тешко. Остана сам со детето, некој му ја уби сопругата. Јана постојано прашува за мајка и, а тој мора да измислува, да смислува приказни за да не го повреди детето. Мора да остане силен за малата Јана, вели мајката на брутално убиената Јелена Крсмановиќ.
Јана сега е многу поврзана со татко си и не се одвојува од него.
- Детето се плаши да не го изгуби и таткото. Постојано е со него. Не сакам да ја одвојувам од татка си, но секој ден одам да ја видам, вели Зорица за Блиц.
За потсетување, пред повеќе од месец, Јелена беше убиена на насипот кај Борча со 30 удари од дрвена палка. Полицијата сеуште трага по монструмот кој го крена регионот на нозе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?