Мајката на една од Босанката која побегна во Сирија: Сабина не е мртва

Мајката на Сабина Селимовиќ, австриска тинејџерка со босанско потекло, која побегна во Сирија за да се приклучи кон „Исламска држава“ изјави за порталот „Србија данас“ дека нејзината ќерка е жива, иако во медиумите се појави вест за нејзината смрт.
Австриските медиуми пишуваа дека Сабина била убиена во една од борбите на ИСИС во Рака, но мајка ѝвели дека не поверувала во тоа и ќе продолжи да ја бара својата ќерка.
Осумнаесетгодишната Сабина Селимовиќ, заедно со нејзината пријателка Самра Кешиновиќ се приклучи кон ИСИС пред три години, а неодамна се појави информација дека девојките се користеле како сексуални робинки на џихадистите. И Самра живеела во Австрија. За неа се пишуваше дека била убиена, односно претепана до смрт, но овие информации не беа официјално потврдени.
Девојките пристигнале во Сирија преку Турција, а веднаш по пристигнувањето биле прунидени да се омажат за борци на ИСИС. Тие биле фотографирани со бурки и калашников во рацете, како дел од пропагандата, со цел да привлечат што повеќе млади девојки, во редовите на џихадистичката група.
Сабина се јавила кај својата мајка, една недела по заминувањето, но не знаела ни самата да објасни на кое место точно се наоѓа. Мајката претпоставува дека нејзината ќерка не смеела да каже каде е.
„Не знам ништо за тоа дека биле сексуални робинки. Некои работи што се изнесени не се вистинити. Ќерка ми била наговорена од нејзината пријателка да заминат во Сирија“, вели Сенада Селимовиќ.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
