Шест месеци по исчезнувањето, Морин се логирала на профилот на Розмари на Фејсбук. Таму видела фотографии од својата ќерка кои ќе ја раздвижат истрагата.
Тие фотографии се поставени неодамна, а ги поставила Розмари лично. На нив се гледа како девојчето стои пред огледало во непозната спална соба. Наизглед обичното селфи, мајката видела дека под лажната насмевка и офарбанта коса нејзината ќерка изгледа исплашено.
Морин се прашала дали нејзината ќерка е жртва на трговија со луѓе? Мајката сметала дека Розмари е киднапирана. Очајна, апелирала преку социјалните мрежи и меѓу пријателите да и помогнат како можат.
-Розмари исчезна и е во опасност. Претпоставувам дека паднала во раце на трговци со деца. Откако исчезна најдов фотографии на нејзиниот Фејсбук профил, наведе мајката. Другите фотографии или постови од Розмари не се најдени.
Се се сменило кога сопругот на Морин, Дејвид на 16 јануари 2016 година објави порака на социјалните мрежи дека девојчето е пронајдено!
-Сакам на сите да ви заблагодарам за молитвите и поддршката. Розмари е пронајдена по анонимна дојава, напиша Дејвид.
Случајот уште повеќе се замрси. Кога властите ја прашаа Розмари, рече дека не ја грабнале трговци со бело робје. Доказите го поддржаа тоа тврдење. Таа побегнала, но не откри каде. Само избрала да не се врати.
Што е уште понеобично, Розмари е среќна таму каде што е сега. Таа и нејзините браќа и сестри се сега во старателско семејство. Во текот на исчезнувањето родителите кои беа активни на мрежата, откако е пронајдена станаа неверојатно тивки.
Зошто? Дали нешто се случило во куќата поради што девојчето побегнало? Каде отишло? Зошто е сега во старателско семејство, а не со родителите?
Ова приказна има повеќе прашања од одговори. Случакот е мистериозен повеќе отколку што властите и семејството признаваат.
Но, најважно е дека Розмари е пронајдена жива и здрава и дега сега е на сигурно.