Македонија
27. September 2019 - 22:10

Мајк Помпео идната недела во Македонија

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела патува за Ватикан, Црна Гора, Македонија и Грција, објави Стејт департментот.

Во Македонија Помпео ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и  премиерот Зоран Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.

Од Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас.

Помпео оди и во Италија каде ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ