Loading Video...
Кошарка
9. September 2020 - 17:03

Мајами го елиминира од плејофот најдобриот тим во регуларниот дел

Во кошаркарската НБА лига продолжуваат возбудувањата во разигрувањето за шампионската титула
 
Екипата на Мајами го елиминира од плејофот најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната Милвоки. 
 
„Хитси“ го добија петтиот дуел против Бакси со 103-94 и со 4:1 во победи ја минаа полуфиналната рунда, па сега ќе го исчекуваат епилогот од пресметката меѓу Бостон и актуелниот шампион Торонто во кој „Селтикси“ имаат предност од 3:2, а првата „меч топка“ за влез во финалето на Источната конференција ќе ја имаат веќе вечерва (30 минути по полноќ). 
 
Во Западната конференција. ЛА Лејкеср славеше победа над Хјустон со 112-102 за водство од 2:1 во победи. Со овој триумф на „Езерџиите“ Леброн стана кошаркарот со најмногу победи во плејофот минувајќи го на вечната листа Дерек Фишер, кој во кариерата имал остварено 161 победа. 
 
Ноќеска во 3 часот по полноќ својот четврти дуел ќе го играат ЛА Клипер и Денвер во кој тимот на „Клиперси“ ќе влезе со предност од 2:1 во победи.