-->
-->
Мајами: Димитров го елиминира Мареј
-->
Минатогодишниот финалист во машка конкуренција, Енди Мареј и победничката кај дамите, Серена Вилијамс, во третото коло го завршија својот настап на Мастерс турнирот во Мајами. Мареј загуби од Григор Димитров, додека Серена е поразена од Светлана Кузњецова.
Енди Мареј го доби првиот сет против Димитров во тај брејк (7:6), но во наредните два одигра катастрофално и му дозволи на Бугаринот да ја однесе победата. Димитров вториот сет го доби со 6:4, а третиот со 6:3, иако Мареј прв стигна до брејк.
Британецот нема по добро да ја памети овогодишната американска турнеја, бидејќи во третото беше елиминиран и на Мастерсот во Индијан Велс. Поради овој пораз тој ќе загуби многу поени бидејќи минатата сезона играше во финалето.
Димитров, кој ја забележа првата победа над некој од играчите од Топ 10 по пауза од една година, во наредното коло ќе игра против Гаел Монфилс кој го совлада Пабло Куевас.
Настапот во Мајами, во третото коло, го заврши и тенисерката која на овој турнир има осум титули и која беше неприкосновена во последните три години, Серена Вилијамс. Американката, слично како Мареј, го доби првиот сет во тај брејк, но потоа Кузњецова потоа потсети на своите најдобри денови и во наредните два сета целосно доминираше освојувајќи ги со 6:1, 6:2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат