Мачките убиваат милион птици на ден во Австралија
Повеќе од еден милион птици коишто потекнуваат од Австралија, се убивани секој ден од домашни и диви мачки, посочуваат најновите истражувања, објави научното списание „Бајолоџикал Конверзејшн“.
Дивите мачки во Австралија годишно убиваат 316 милиони птици, а домашните мачки - 61 милион.
На над 99 отсто од убиените птици природно место на живеење им е Австралија, се вели во студијата која се спровела на државно ниво, и е прва од ваков вид. Во просек една дива мачка јаде по две птици секои пет дена.
Имено, мачките убиваат 338 видови австралиски домашни птици, што е речиси половина од вкупниот тамошен број птичји видови. Меѓу нив има и 71 загрозен вид.
Научниците претходно дошле до заклучок дека дивите мачки ги има на 99,8 насто од територијата на Австралија, и дека нивниот број се движи од 2,1 до 6,3 милиони. Бројот на птиците во Австралија пак, е околу 11 милијарди. Тоа значи дека мачките просечно убиваат три до четири отсто од птиците.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство