Свет
4. October 2017 - 13:16

Мачките убиваат милион птици на ден во Австралија

Повеќе од еден милион птици коишто потекнуваат од Австралија, се убивани секој ден од домашни и диви мачки, посочуваат најновите истражувања, објави научното списание „Бајолоџикал Конверзејшн“.

Дивите мачки во Австралија годишно убиваат 316 милиони птици, а домашните мачки - 61 милион.

На над 99 отсто од убиените птици природно место на живеење им е Австралија, се вели во студијата која се спровела на државно ниво, и е прва од ваков вид. Во просек една дива мачка јаде по две птици секои пет дена. 

Имено, мачките убиваат 338 видови австралиски домашни птици, што е речиси половина од вкупниот тамошен број птичји видови. Меѓу нив има и 71 загрозен вид.

Научниците претходно дошле до заклучок дека дивите мачки ги има на 99,8 насто од територијата на Австралија, и дека нивниот број се движи од 2,1 до 6,3 милиони. Бројот на птиците во Австралија пак, е околу 11 милијарди. Тоа значи дека мачките просечно убиваат три до четири отсто од птиците.