Лукашенко: Западот ја турна украинската Влада во војна
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја турнале украинската влада во војна, додавајќи дека Минск е подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила иницијативата.
„Направив се за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Затоа, сакав да ги ставам моите граничари на границата долга 400 километри и да дадам друга помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да ја започнат оваа војна“, нагласи Лукашенко, пренесе ТАСС.
Белорускиот лидер изјави дека Киев вовел санкции кон Белорусија уште пред тоа да го стори Западот во интервју за јапонската мрежа „ТБС“, кое беше објавено на белорускиот канал на Јутјуб „Белорусија-1“.
Лукашенко истакна дека економиите на Русија и Белорусија се практично неразделни.
„Економски, тоа е практично нераскинлив систем. Колапсот на тој систем би предизвикал економска катастрофа“, рече тој.
Лукашенко рече дека Русија има причини да не и верува на владата во Киев, како и дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, има мала контрола врз она што се случува во Украина.
„Украина не треба да биде точка на напад на Русија. Москва и нуди на Украина исто како Белорусија, што значи дека Украина би можела да биде како Белорусија, со некои различни нијанси“, рече тој.
Претседателот на Белорусија вети и дека ќе даде се од себе да направи се што е во негова моќ за да се стави крај на војната во Украина.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени