ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата се зголемува, стандардот се намалува а граѓаните едвај врзуваат крај со крај - УМС ќе донира храна
Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси животот во Македонија од ден на ден станува се понеподнослив.
Сиромаштијата се зголемува, стандардот се намалува а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Затоа денес по повод денот на борбата против гладот УМС на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општински комитети низ Македонија ќе донира храна.
Притоа би сакале да ги повикаме сите оние хумани луѓе и сите оние кои би сакале да помогнат тоа да го направат преку донација на храна која подоцна ќе им биде дистрибуирана на оние кои се најзагрозени.
Владата потроши половина од нејзиниот мандат на штетни договори и национални интереси.
СДСМ и Зоран Заев потрошија 2 години од животот на граѓаните без да направи ниту едно добро дело или на било кој начин да го подобри секојдневниоето.
Безнадежноста се зголемува а перспективата за живот во Македонија се намалува.
Оваа Влада треба да си замина се со цел во Македонија да се имплементираат политки кои ќе ја зголемат благостојбата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар