Лукашенко: Белград нема да може да седи на две столици

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Србија нема да може да седи на две столици и дека треба да се определи за својата надворешна политика.
– Тука сме ние, Русија, Европската Унија, Америка и другите. Но, нема да им се дозволи да седнат на сите овие столици, рече Лукашенко, коментирајќи ги последните настани околу Косово. Според него, прво, Европската Унија нема да го дозволи тоа, кон која Србија „толку многу се стреми“, пренесува Бета. Зборувајќи за односите меѓу Москва и Минск, Лукашенко изјави дека таму има проблеми, иако белоруските власти прават разлика меѓу народот и владата.
– Треба да го разделиме раководството и обичните луѓе.
Заземете го моето место, за да можете сето тоа да го разберете. Се разбира, на српскиот народ му треба помош и ќе мора да му се помогне. Ние сме такви луѓе. Но, водиме сметка за тоа каква е политиката на Србија кон Белорусија, истакна Лукашенко.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
