-->
-->
ЛШ:Сензација во Рим, елиминирана Барса
-->
Јасно е дека фудбалерите на Рома веруваа во чудо бидејќи само така можеше да се оствари сонот за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Римската волчица се врати од 4:1 поразот на „Ноу Камп“ и во брилијатен натпревар со 3:0 ги совлада каталонските фаворити за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во првиот меч во Барселона, Рома си постигна два автогола, а според фановите на „волчицата“ не им беа досудени два пенали, но тимот на Ди Франческо успеа да направи подвиг пред домашната публика во неверојатно драматичен меч на „Олимпико“.
Беа потребни само шест минути да се „скрши“ нулата, кога Даниеле де Роси го „најде“ Един Џеко, кој го постигна својот шести гол во Лигата на шампионите оваа сезона. Притисокот на Рома продолжи, и Жерард Пике беше на местото за да го спречи Александар Коларов да донесе 2:0 водство.
Џеко до крајот на полувремето уште еднаш се најде во совршена шанса, кога по додавањето на Алесандро Флоренци, само одличната реакција на Тер Штеген ги спаси Каталонците.
Ако во првото полувреме пред Рома се наоѓаше „невозможна мисија“, по 58. минута кога Даниеле де Роси од пенал зголеми на 2:0, веќе се навестуваше голема сензација.
Комбинацијата за пласман во финале дојде во 82. минута, кога на сцена стапи турско-грчката врска. Џенгиз Ундер со совршен корнер го пронајде Костас Манолас, кој успеа лесно да го совлада Тер Штеген и да и донесе на Рома победа за која многу ќе се зборува во Рим, но и во Каталонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас