Ракомет
22. November 2015 - 9:02

ЛШ - жени: ЖРК Вардар со победа над Хипо ја заврши првата фаза

Ракометарките на ЖРК Вардар во натпреварот од 6.коло од групата Ц од Лигата на шампионите ја остварија и четвртата победа откако синоќа на домашен терен ја победија екипата на Хипо со 37:25. 

„Вардарки“ со осум бодови ја завршија првата фаза, а во следната ќе пренесат четири од двете победи над Митјиланд. На вчерашниот натпревар со поранешниот европски шампион најефикасни беа Андреа Лекиќ со 9 и Андреа Пенезиќ со 6 голови.
Денеска се игра последниот натпревар од групата меѓу Митјиланд и Ѓер.
Во следната фаза во новата група ЖРК Вардар ќе игра против екипите на Будуќност, Букурешт и Савехоф.