-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар конечно победи во Подгорица
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар ја постигнаа првата победа против Будуќност во Лигата на шампионите. Вечерва во Подгорица „вардарки“ го победија Будуќност со 31:28 (16:16).
Во првиот дел македонскиот првак имаше водство кое Будуќност успеа на полувреме да го анулира. Во финишот вториот дел ЖРК Вардар го презеде водство кое успеа да го одржи до крајот на натпреварот.
Најефикасна на натпреварот беше Кристина Неагу од Будуќност со 10 голови, а кај ЖРК Вардар најпрецизни беа Андреа Пенезиќ со 8 голови и Андреа Лекиќ со 7.
На другите дуели од групата 1 Турнигер – Астраханочка 34:22 и Мец – ФТЦ 25:28.
Табела: Вардар 9 бодови, ФТЦ 7, Будуќност 6, Мец 4, Турингер 4, Астраханочка 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 ромски семејства кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока