Ракомет
28. May 2016 - 11:24

ЛШ-мажи: Еден пехар - четири желби

Четири екипи од кои само една досега била европски шампион ќе се борат денеска и утре за престижниот пехар во ракометната Лига на шампионите. Келн и „Ланксес Арена“ и оваа година се домаќини на завршниот турнир, а учесници се: полски Киелце, франциски ПСЖ, германски Кил и унгарски Веспрем.
Само екипата на Кил досега била европски шампион  и тоа во три наварти (2007; 2010 и 2012 година). Тринаесет екипи по една биле европски шампиони, а најуспешна екипа е Барселона со 9 трофеи.
 
Откако е воведен овој формат на завршен турнир во Келн, ниту една екипа не успеала да го одбрани трофејот, а тоа ќе продолжи бидејќи европскиот првак Барселона беше елиминирана во четвртфинналето.
 
Во полуфиналето денеска од 15:15 часот ќе играат Киелце - ПСЖ, а од 18 часот е дуелот на Кил - Веспрем.
Победниците утре ќе играат во финалето кое почнува во 18 часот, а од 15:15 часот е дуелот за третото место.