Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2023 - 19:58

ЛШ: Доколку се мине првото коло во Скопје ќе ги гледаме Галатасарај и Левски

Откако вчера македонските претставници во Европските купови ги дознаа своите противници за првото квалификациско коло денеска беа извлечени и можните противници за втората рунда. Најзвучно име е турскиот Галатасарај кој може да се сретне са нашиот шампион Струга Трим Лум. 
Екипата на Струга која не претставува во ЛШ има убава можност доколку го мине литванскиот Жалгирис во првото квалификациско коло, во следната рунда да ги одмери силите со турскиот гигант Галатасарај кој сигурно ќе биде магнет за љубителите на фудбалот во Македонија. 
Интересна пресметка со бугарскиот тим Левски го очекува нашиот претставник во конференциската лига, Шкупи кој претходно треба да го елиминира литванскиот Хегелман. 
За Шкендија која на стартот игра против Хаверфордвест од Велс се отвораат вратите за висок пласман во конференциската лига бидејќи во втората квалификациска рунда ќе го добие подобриот тим од Торшавн Фарски Острови и Естонскиот Пајде. 
Во слична позиција е и Македонија ЃП која доколку го мине тимот на РФС Рига во следната рунда ќе се сретне со анонимниот азербејџански тим Сабах.