ЛШ: Барселона го освои „Парк де Пренс“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд
Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Парк де Пренс“.
Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Најпрво Каталонците поведоа во 36. минута преку Бразилецот Рафиња. Сепак, во 50. минута Усман Дембеле го израмни резултатот на 1:1. По 120 секунди парижаните го свртеа натпреварот во своја полза благодарение на Витиња, кој го запиша своето име меѓу стрелците.
Тоа не се покажа доволно за победа бидејќи Рафиња и Андреас Кристенсен станаа херои за Барселона во 62. и 77. минута и донесоа голема победа среде Париз.
Атлетико Мадрид пак ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Мадриѓани си ја завршија работата веќе во првото полувреме. Во 5. минута Родриго де Пол го постигна првиот гол, а во 32. минута Самуел Лино го постави резултатот на 2:0.
На 2:1 намали Себастиен Алер во 81. минута што се покажа како конечен резултат.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР