Лорета Горгиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од Советот за ИКТ до министерот Лога
Членовите на Судскиот совет, судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа, доставија оставки до Министерот за правда, Кренар Лога, и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно, соопштуваат од Судскиот совет.
- Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката, проф. д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество, се вели во оставката на судијата Георгиева, пренесуваат од Советот.
Во образложението на оставката на м-р Мустафа, како што дополнуваат, наведува дека по разрешувањето на претседателот на ИКТ од страна на mинистерот за правда Лога, и изнесените инсинуации за неправилно работење на Советот на ИКТ, како и по тврдењата на ресорниот министер за реформирање на истоимениот Совет, нецелисходно е понатаму да се биде член во ова тело.
- И покрај сѐ, горд сум што бев член во тело што ги постави темелите и ги воспостави насоките за дигитално судство и успеа да воведе алатки и сервиси кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до правдата и на правосудните органи, а со тоа и зголемување на довербата на правосудството, наведува Мустафа.
Министерот за правда, Кренар Лога, изминатата недела го разреши судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев, од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело.
- До Судскиот совет доставив допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на претседателот на Основен суд Кавадарци, судијата Лазар Нанев, изјави своевремено Лога.
Појасни дека по добивање и анализа на материјалите за седница на Судскиот совет констатирал дека во доставените материјали се присутни сериозни наводи за нарушен интегритет на судија и евидентно е постоењето на состојба која сериозно загрижува и ја доведува во прашање правната сигурност на граѓаните и загарантираното право да му суди независен и непристрасен судија.
Лога, на прес-конференцијата тогаш информираше и дека иницирал и постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот на ИКТ, врз основа на кој, како што најави, ќе биде формиран и нов состав на ова тело.
Ново на Сител
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР