Лондонската полиција потрошила 3,4 милиони фунти за обезбедување на Трамп
Државната посета на Доналд Трамп на Велика Британија ја чинеше лондонската полиција речиси 3,5 милиони фунти, пренесува „Гардијан“.
Десетици илјади лица протестираа против посетата на претседателот на САД во главниот град на Велика Британија. Полицијата потрошила 3.419 905 фунти, со оглед на тоа дека за време на тридневната посета беа мобилизирани повеќе од 6.300 службеници заради одржување на редот во британската престолнина.
Лондонската полиција потроши помалку од три милиони фунти при претходната посета на Трамп во 2018 година, иако вкупната цена на четиридневната турнеја на островот изнесуваше 14,2 милиони фунти.
Трамп помина три дена во Велика Британија за време на неговата државна посета, која започна на 3 јуни и вклучуваше државен банкет со кралицата во Бакингамската палата.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години