Свет
13. December 2024 - 13:38

Франција доби нов премиер

Лидерот на француската центристичка партија Модем, Франсоа Бајру денеска е назначен за нов премиер на Франција - соопшти Елисејската палата.

Бајру (73) е четвртиот премиер на Емануел Макрон за помалку од една година, а шести од 2017 година, пишува БФМ.

Тој утрово се сретна со Макрон, а подоцна во текот на денот се очекува да се сретне и со неговиот претходник Мишел Барние, на чија влада и беше изгласана недоверба пред повеќе од една недела.