-->
-->
ЛОИ 2020: Георгиевски избори полуфинале
-->
Репрезентативецот на Македонија во Таеквондо Дејан Георгиевски е на чекор до медал на ЛОИ во Токио откако за само три часа, успеа да обезбеди и втора победа во Токио со што се пласира во полуфиналето.
По победата на светскиот првак Рафаел Алба Кастилјо од Куба предмалку го словлада и противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Губане со 9:4 во четвртфиналната борба, па со пласманот меѓу четирите најдобри на олимпискиот турнир во таеквондо, си обезбеди борба за медал.
Резултатот до втората рунда беше 4:3 за нашиот претставник, Губане израмни на 4:4, но потоа следеа пет последователни поени на Дејан за потврда на квалитетот и извојување на нова голема победа од 9:4.
Противник во полуфиналето ќе му биде Кореецот таеквондо борец Кјо До Ин, кој инаку е втор носител на олимпискиот турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас