Македонија
31. August 2016 - 20:33

Љуљзим Хазири избран за петти член на ад хок телото за медиуми

Љуљзим Хазири поранешен дописник на МТВ од Гостивар, универзитртски професор и активист на невладиниот сектор ќе биде петтиот член на ад хок телото за медиуми, дознава Сител од партиски извори. Ваква одлука паднала по тричасовни консултации меѓу СДСМ и ДУИ.

Одлуката се уште нема официјална потврда.

Се очекува по официализирањето остантите 4 членови да го изгласаат и да се тргне и последната пречка на патот до избори.

Потоа се очекува во Клубот на Пратеници да дојде Груевски и официјално да се соопшти дека изборите ќе се одржат на 11 декември.