Љубљанската берза дел од СЕЕ Линкс платформата
Љубљанската берз е втора берза од регионот која се приклучи на СЕЕ Линкс, по неговото формирање од страна на трите берзи основачи-Загребската, Бугарската и Македонската.
Активна членка на СЕЕ Линк, Љубљанска берза е од 8 декември 2016 година, а овозможува тргување со хартии од вредност од Словенија преку оваа платформа. Според Алеш Ипавец, претседател на УО на Љубљанска берза, прилучувањето на СЕЕ Линк е важен чекон кон поблиска регионална соработка.
- Малите берзи од регионот поединечно не можат да бидат успешни и градењето на силни врски меѓу берзите на ваков начин ќе доведе до создавање на силен и успешен регионален пазар, вели Ипавец.
Со пристапување на Љубљансакта берза, СЕЕ Линк - системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно пет пазари, со пазарна капитализација од повеќе од 38,5 милијарди долари и повеќе од 500 акции со кои може да се тргува.
Неодамна СЕЕ Линк - системот се прилучи и Белградската берза.
Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен