-->
-->
Ливерпул се закити со прва светска титула
-->

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата на ФИФА Светското првенство за клубови во Доха. Екипата на Јирген Клоп ја продолжи доминацијата на европските клубови во ова натпреварување, откако со голот на Роберто Фирмино во 99 минута го победи шампионот на Јужна Америка Фламенго.
Мечот во Доха донесе доминација на Ливерпул во второто полувреме и продолженијата, откако во првиот дел најмногу се играше меѓу двата шеснаесетника.
Фирмино во 47 минута го погоди дирекот, а три минути подоцна Салах промаши од изгледна позиција. Фламенго се заканија прегу Габриел Барбоса, но неговиот шут го одбрани Алисон.
Ливерпул продолжи со притисокот, а во 90 минута судијата Ал Јасим покажа на белата точка по дуелот помеѓу Рафиња и Мане. Сепак откако ја прегледа снимката оправдано ја поништи својата одлука.
Победникот го реши Фирмино кога мајсторски реализира контранапад кој го повелче Мане по грешката на комплетната дефанзивна линија на Фламенго.
Фирмино е апсолутен херој на Ливерпул бидејќи во 91 минита погоди за победа во полу-финалето против Монтереј.
Неколку минути по водечкиот гол Ливерпул можеше да стави точка на натпреварот но најдобриот играч на Фламенго, голманот Диего Алвес ги одбрани ударите на Ван Дајк и Салах.
Во 120 минута Фламенго имаше шанса за израмнување, меѓутоа Линколн од осум метри ја испрати топката над голот на Алисон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
