Loading Video...
Фудбал
5. March 2021 - 0:48

Ливерпул по поразот од Челзи е се подалеку од пласман во ЛШ

 
 
Со голот на Мејсон Маут постигнат во 42 минута од натпреварот, екипата на Челзи го доби дербито против Ливерпул одиграно на „Енфилд“. 
 
Со овој пораз актуелниот шампион полека го губи чекорот со конкурентите за четвртата позиција која носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона. 
 
Ливерпул е на 7.место на табелата со четири бодови помалку од Челзи кој е четврти, односно седум помалку од трето пласираниот Лестер.
 
И останатите два меч што се одиграа синоќа завршија со идентичен резултат 0-1 за гостите и тоа Тотенхем славеше против Фулам, а Евертон беше подобар од ВБА.
 
Сега Евертон се проби на петото место со три бодови повеќе од Ливерпул односно четири од Тотенхем кој сега е осми.