Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15-ти и 16 декември на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С.(23), М.Б.(23) и Ф.М.(22), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 15.12.2024 околу 03.00 часот во угостителески објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале Ф.Т.(26) од Скопје и му нанеле повреди.
Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, пак, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик