Македонија
7. January 2024 - 14:05

Лишен од слобода кавадарчанец поради физички напад на партнерката

Кавадарчанец со иницијали Д.А. на возраст од 36 години, бил лишен од слобода синоќа во 23.10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци. Тие постапувале по претходна пријава од неговата партнерка, 24-годишна кавадарчанка, според која, тој физички ја нападнал во нивната заедничка куќа. За ова денеска информираа од СВР Велес.

– Д.А. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.