Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината - тие имаат важна улога
Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината. Нивната улога е многу важна бидејќи овозможува на дланките да прават најразлични движења.
Овие брчки и бразди помагаат на кожата да се шири и собира во зависност од тоа што правиме со дланките. Линиите на дланките помагаат кожата да се собере околу дланката кога ќе го смениме нејзиниот облик, на пример кога ќе стиснеме тупаница или кога ќе ја собереме. Доколку ги немаме тие линии, кожата би висела од нашата дланка.
Исто се однесува и на линиите на лактовите, колената и зглобовите. Линиите кои ја држат кожата настануваат додека сме уште во стомак, околу 12-тата недела по зачнувањето. Дебелината и бројот на линиите на дланката зависат и генетиката.
Голем дел од луѓето имаат три главни линии на дланката, а некои имаат само една што може да означува недобар развој на бебето во стомакот, односно Даунов синдром или други генетски пореметувања. Меѓутоа докторите во предвид земаат уште неколку фактори пред да ја воспостават дијагнозата.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз