Фудбал
2. јуни 2022 - 20:53

Лига на нации: Македонија со бод се враќа од гостувањето во Бугарија

Одличен натпревар одигра македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Бугарија каде ги подели бодовите со домаќинот во натпревар кој заврши со резултат 1-1. 
Иако Бугарија прва го отвори резултатот до победа поблиску беше Македонија која имаше неколку извонредни прилики да се радува на победа на стартот од новото издание од Лигата на нациите. 
По шансата за нашата репрезентација  противникот се созеде и рано го отвори резултатот со голот на Кирил Десподов. 
Во продолжението прилика  за израмнување не искористи Барди за да на стартот на вториот дел Милан Ристовски одлично реагира во казнениот простор на Михајлов  и израмнува на 1-1. 
 
По само неколку минути имавме и шанса да дојдеме до водство но Михајлов го одбрани ударот на Алиоски. 
И наместо да ја казниме Бугарија во последните моменти од средбата драма...Главниот судија покажа на белата точка за домаќинот но по прегледувањето на снимката ја смени одлуката и средбата заврши 1-1. 
Мора да се истакне дека натпреварот 
 мина во фер атмосфера и на теренот и на трибините а присутните на стадионот во Разград со аплауз ја поздравија македонската химна.