Македонија
17. September 2015 - 18:49

Лифтови за лица со посебни потреби во Велес и Кавадарци

Раководителот на Вардарскиот плански регион Марко Колев заедно со велешкиот градоначалник и претседател на Советот на Вардарскиот плански регион Славчо Чадиев и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, денеска го посетија ООУ „Васил  Главинов“ во Велес и направија увид во изведбата на лифтот.

Во ова училиште, како што рече Колев, се поставува лифт за лицата со посебни потреби,  а воедно се уредуваат и тоалетите на први и втори кат.

Тој информира дека Вардарскиот плански регион овој проект и останатите неколку во уште некоку општини го реализираат со 50 проценти средства од УНДП и по 25 проценти од општините кои се влучени во негова реализација, односно Кавадарци, Росоман, Чашка и Градско, или во вредност од 5 милиони денари.

Во рамки на овој проект за помош на лицата со посебни потреби во Кавадарци ќе се постави лифт во ООУ„Гоце Делчев“ и во општинската зграда.

Како што изјави градоначалникот Панов тендерот е во тек и до крајот на месецов ќе биде познат изведувачот кој треба да ги реализира работите. - Овој проект воедно не мотивира од општинската каса за лицата со посебни потреби, освен овој за проект, да издвојуваме и за  изградба на пристапни рампи и тоалети  во повеќе јавни установи во Кавадарци, потенцира Панов.

Колев информира дека во општините Росоман, Чашка и Градско изработени се летниковци за лицата со посебни потреби.