Лифтови за лица со посебни потреби во Велес и Кавадарци
Раководителот на Вардарскиот плански регион Марко Колев заедно со велешкиот градоначалник и претседател на Советот на Вардарскиот плански регион Славчо Чадиев и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, денеска го посетија ООУ „Васил Главинов“ во Велес и направија увид во изведбата на лифтот.
Во ова училиште, како што рече Колев, се поставува лифт за лицата со посебни потреби, а воедно се уредуваат и тоалетите на први и втори кат.
Тој информира дека Вардарскиот плански регион овој проект и останатите неколку во уште некоку општини го реализираат со 50 проценти средства од УНДП и по 25 проценти од општините кои се влучени во негова реализација, односно Кавадарци, Росоман, Чашка и Градско, или во вредност од 5 милиони денари.
Во рамки на овој проект за помош на лицата со посебни потреби во Кавадарци ќе се постави лифт во ООУ„Гоце Делчев“ и во општинската зграда.
Како што изјави градоначалникот Панов тендерот е во тек и до крајот на месецов ќе биде познат изведувачот кој треба да ги реализира работите. - Овој проект воедно не мотивира од општинската каса за лицата со посебни потреби, освен овој за проект, да издвојуваме и за изградба на пристапни рампи и тоалети во повеќе јавни установи во Кавадарци, потенцира Панов.
Колев информира дека во општините Росоман, Чашка и Градско изработени се летниковци за лицата со посебни потреби.
Ново на Сител
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“