Лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади се пресели во Либија
Лидерот на терористичката групација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади се пресели во Либија, јави ТАСС.
- Ал Багдади се пресели од Турција во Либија за да се скрие од ирачкото разузнавање, кое се обидува да го уапси. Тој досега неколку пати се преселуваше од Ирак во Сирија и обратно, се наведува во соопштението на иранската агенција ФАРС, кое го пренесува ТАСС.
Ал Багдади во октомври беше ранет во напад на ирачки воени авиони врз конвојот возила со кој патувал, по што е одведен во сирискиот град Рака, каде бил подложен на операција.
Хирурзите му го спасија животот, но немаа начин да му обезбедат лекување, поради што тој е пренесен во болница во Турција, а операцијата за негово превезување беше предодена од ЦИА, тврди иранската агенција.
Лидерот на ИД во ноември се пресели во сириското гратче Албу Камал во Мосул, главен град на ирачката провинција Ниневија, преземен од џихадистите минатото лето, а оттаму замина за Турција.
Ал Багдади сега, според информациите на ФАРС, заминал за либискиот град Сирт, кој е под контрола на џихадистите.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија