Лицата со дијабетес на протест пред Министерството за здравство
Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели.
- По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме, нагласуваат од СЗДСМ.
Тие истакнуваат дека сите рокови се поминати и оти дошло време да си го земат тоа што им следува согласно Уставот, законите и буџетот.
- На овој протест повикуваме на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир. СЗДСМ како организатор, не поддржува и однапред се оградува од какво било насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваме од било какви други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвираност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки, потенцираат од СЗДСМ.
Ново на Сител
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?