Либералната партија на средба со жителите од скопско Драчево
Претседателот на Либералната партија и ноистел на листата во Првата изборна единица Ивон Величковски попладнево имаше средба со жителите во скопско Драчево каде најави дека ќе ги консолидираат институциите и ќе се посветат на подобрување на животот на средната класа.
- За скоро 30.000 семејства, создадовме проект „Солидарен концепт“ во кој велиме – за граѓаните кои се така заглавени, ќе направиме државен фонд со кој ги гарантираме нивните долгови и правиме репрограм, но и грејс период, за да може да се повратат, да соберат сила и за купен телевизор на пример да не ја изгубат сета покуќнина или за купена кола на пример да не го изгубат станот, истакна Величковски.
Тој рече дека народот знае оти четирите партии потписнички на Пржинскиот договор не може да ја решат кризата. - Затоа, одиме самостојно, остануваме цврсти на своите принципи и затоа велиме вашиот глас за промена нема да биде потрошен, рече Величковски.
На средбата со жителите од Драчево присуствуваа и кандидатот за пратеник од Драчево, Наташа Ристеска и кандидатите од скопска Кисела Вода, Драган Симоновски и Томислав Дерибабов.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит