Левица: Посетата на Курти беше флагрантно понижување на интегритетот и суверенитетот на државата
„Неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир беше флагрантно понижување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија!
Курти присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ (паметник за антифашистичкото минато) во „Адем Демачи“, кој е косовски политичар обвинет за сецесионизам во СФРЈ, додека во Тетово присуствуваше на настан на кој се вееше знамето на ,,Голема Албанија’’. На „настанот“ присуствуваа и лидерите на опозициските партии на Албанците.“- велат од Левица во своето соопштение.
-Целата посета на Албин Курти и случувањата кои ја проследија оваа посета, без никакво почитување на државните симболи, не претставува ништо повеќе од омаловажување на македонската држава и ширење на анти-државни идеи за,,Голема Албанија’’.
Најголем показател за ова е преименувањето на улицата во Чаир од еден симбол на обединување на македонскиот и албанскиот народ во борбата против фашизмот во Адем Демачи - косовски борец кој својот живот го посветил во креирањето на врвот на албанскиот шовинизам, Голема Албанија. Потсетуваме дека скандалозната промена на улиците се случи за време на локалната самоуправа на СДС, кога со Градот управуваше Петре Шилегов.- додаваат од партијата.
„Како за крај на оваа скандалозна посета, Курти делеше совети на Македонија во однос на тоа како треба да ја постави својата надворешна политика, порачувајќи дека Македонија треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Левица јавно повикува за сериозна истрага во однос на организацијата на посетата која имаше сепарационистички карактер, како и прогласување на Албин Курти за персона нон грата.“- стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни