Левица поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поништување на основачките акти на „Културен Центар Ванчо Михајлов” – Битола

Левица ги користи сите правни механизми кои ги има на располагање за забрана на понатамошната работа на неофашистичките клубови, кои непречено од пробугарските СДС и ДУИ продолжуваат да шират иредентистичка пропаганда и да промовираат фашистичка идеологија, спротивно на Уставот, темелните уставни вредности и законот.
До Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, Левица поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 110 и член 112 од Уставот.
Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.
️Со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ.
Ова од причина што ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Михајлов, македонската нација и јазик не постојат.
Со рехабилитација на ликот и делото на Иван Михајлов, ноторен и докажан соработник на Адолф Хитлер, се рехабилитира фашизмот, неонацизмот и тероризмот.
Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат!
Очекуваме Уставниот суд да ја прифати иницијативата и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на оспорените акти, во која ќе донесе мериторна одлука со која ќе ги ПОНИШТИ основачките акти на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, како спротивни на Уставот.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково
-

Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
