Летале клоци и шамари - Скопјанец претепан во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Г.(27) и Н.П.(24) двајцата од Охрид. Пријавените, на четврти овој месец, во 04 часот и 30 минути кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, по настаната вербална расправија, физички го нападнале М.Г.(23) од Скопје нанесувајќи му повеќе удари со раце и нозe. Со повреди во пределот на лицето, М.Г. е пренесен во општата болница во Охрид, а потоа префрлен во болница во Скопје. На овој настан, му претходело нарушување на јавниот ред и мир во една дискотека на охридското крајбрежје, во кое покрај пријавените, учествувале и Н.З.(23) од Куманово и сега повредениот М.Г.(23) од Скопје. Секторот за внатрешни работи Охрид, презема дополнителни мерки за утврдување на можно учество и на други лица во слученото нарушување на јавниот ред и мир во дискотеката како и на можно загрозување со опасно орудие при тепачка или караница случена кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
