-->
-->
Лекиќ уште една година во „црвено-црниот“ дрес
-->
Андреа Лекиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар. македонскиот првак денеска објави дека ја продолжува соработката со српската интернационалка барем на уште една година, објави клубот на својата интернет страница.
- Со задоволство можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка. Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме, истакна извршниот директор Давор Стојаноски.
Договорот е потпишан на една година со можност за продолжување. Оваа вест е секако на големата армија навивачи на ЖРК Вардар особено што Лекиќ на последните натпревари од Лигата на шампионите беше вистински лидер на тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК