ЛЕ: Вардар обезбеди специјална цена за „комити“
Како што пишува спортскиот порал Гол.мк ФК Вардар обезбеди специјална цена за блок влезници за навивачката група „комити“ и тоа по цена од 600 денари.
Македонија за првпат ќе има свој претставник во една групна фаза на натпреварување на УЕФА, откако нашиот шампион, Вардар, со фантастични игри ова лето обезбеди фудбалска есен во Лига Европа.
Вардарци во групата ќе се соочат со Реал Сосиедад, Зенит и Розенборг, а за домашните натпревари управата на „црвено-црните“ одлучи да ја намали цената на блок-билетите за најверните фанови – „Комитите“. Сега секоја „комита“ блок карта за овој дуел ќе може да купи за само 600 денари.
Оваа информација ја потврди и самата навивачка група, преку соопштение до јавноста, а билетите за западната трибина ќе може да се купат само за време на мечот меѓу Вардар и Силекс, кој ќе се одигра в сабота на „Телеком арена“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари