Ле Роа поднесе оставка на Службата на ЕУ за надворешни работи

Шефот на Службата на ЕУ за надворешни работи (EEAS) францускиот дипломат Ален Ле Роа поднесе оставка на функцијата поради несогласување со ставовите со претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јавуваат западни медиуми.
Ле Роа се повлекува „од лични причини“ 16 месеци откако ја презеде должноста генерален секретар на таа служба, се вели во кусо соопштение.
Могерини за нов генерален секретар кој ќе стапи на должност на 1 септември, ја назначи Хелга Шмит (55), германски дипломат и политички директор во ЕЕАS која во изминатите шест години беше задолжена за прашања како што се нуклеарните преговори со Иран.
Ле Роа е втор висок претставник од соработниците на Могерини кој заминува од должноста. Пред неколку недели првиот шеф на нејзиниот кабинет Стефано Мансервиси премина на чело на Генералниот директорат на ЕК за меѓународна соработка и развој.
Ново на Сител
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
