ЛДП и Беса со заедничка заложба за фер и демократски избори
Заедничка заложба на Либерално-демократската партија (ЛДП) и движењето Беса е да се обезбеди фер и демократски изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори. Тоа е заклучокот усвоен на денешната средба на претседателите на ЛДП и на Беса, Горан Милевски и Биљал Касами, соопшти ЛДП.
Истовремено, двете партии бараат да се овозможи граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без никакви притисоци и закани, како пред изборите, така и за време на изборниот ден.
Според соопштението, на средбата на која учествуваа и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, претседателот на ЛИДЕМ, Стефан Миноски, како и членовите на централното претседателство на Беса, Ермира Асани - Салија и Африм Гаши, се разговарало за актуелната политичка состојба и за спроведувањето на договорот од Пржино. При тоа е заклучено дека опозицијата не смее да учествува на избори кои нема да ги исполнуваат европските стандарди и и е упатен повик до сите партии да дадат максимални напори во исполнувањето на потпишаниот договор.
Ново на Сител
-
Командантот на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол
-
Петровска - Заков: Кога сте НАТО, не сте сами, кога сте во сојуз работиме едни со други
-
86 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починато е 1 лице
-
Почина доајенката на македонскиот балет Натка Пенушлиска-Митровска
-
Русија од утре го прекинува природниот гас за Финска
-
Германците ќе плаќаат девет евра за месечна карта за јавен превоз
-
Денот на „Св. Кирил и Методиј“ – 24 Мај, неработен за сите граѓани
-
Николоски: СДСМ да седнат на лидерска средба и да се договори датум на избори