Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, кажа дека неговиот тим на денешниот реванш со Клаипеда Драгунас нема да оди да ги брани 11-те голови предност, туку ќе игра на победа.
Евентуален триумф за младиот македонски тим би прва европска победа на гостински терен.
-Очекувам тежок натпревар затоа што во шест дена ќе играме три натпревари и тоа не какви било, туку два натпревари од Европски куп и еден дерби меч со Еурофарм Пелистер, а имаме едно долго патување. Свесен сум дека нема да биде лесно. Имаме хендикеп со повредата на Никола Костески, тоа треба да го споменеме. Внимателен сум, затоа што публиката во Автокоманда, виде, имаме за противник екипа што сака да игра, сака да се наттрчува цел натпревар. Анализиравме и видовме дека во 48 минута беше само шест разлика, а во 54 беше 13 разлика. Можеше да биде поинаку, можеби малку е нереален резултатот. Имаме голема залиха, но тоа не треба да не опушта, ќе се потрудиме да бидеме квалитетни и да одиме на победа, тоа ни е целта, изјави Лазаров.
На првата средба во Скопје, РК Алкалоид славеше убедлива победа со 42:31.
Натпреварот во Литванија од второто коло во квалификациите за Европскиот куп почнува во 15 часот.
Ново на Сител
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
-
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
-
Кривична против три лица кои на 10 мај опожариле викенд куќа во велешко
-
Приведен 49-годишен кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта
-
Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
-
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски е можна само доколку делегациите претходно постигнат договор
-
Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во земјата ќе се градат кампови за мигранти